
Граѓански патроли на сртот на Водно против багерите за гасоводот
Сергеј Дамовски е еко-активистот кој денеска патролираше на сртот на Водно. Ги снимил багерите и булдозерите дека не работат , и не ископачуваат дрвја за потребите на гасоводот. Утре ќе оди друг граѓански активист, бидејќи здруженијата не се согласуваат во парк Шумата Водно да поминува гасовод, и се решени да го бранат со жив штит зеленилото на Водно.
За пробитната траса требаше да се уништат 3000 метри кубни дрвја. Владата и акционерското друштво Македонски енергетски ресурси под притисок на еколозите ја прецртаа трасата. Сега ќе се уништат само половина од предвидените дрвја и тоа со уредна градежна дозвола е ставот на владата.
- Промената на тој проект ќе значи издолжување на градбата на гасоводот, а доколку се издолжи градбата на гасоводот, тоа само ќе значи дека гасот подоцна ќе стигне до македонските семејства. Тоа значи и дополнително сечење шума бидејќи граѓаните ќе немаат алтернатива за греење, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Парк шумата Водно е заштитена со закон ,а за неа се грижи Град Скопје. Минатиот декември укажале дека во Студијата за оценката за влијанието врз животната средина не се наведени можните штети од градењето гасовод на сртот на Водно. ОД Град Скопје највија инспекциски надзор, а инспекторите сеуште не се излезен на терен. Гасоводот на Водно треба да стаса до Охрид преку Тетово и Гостивар.
Павле Беловски