Граѓаните загрижени поради отварањето на рудникот „Боров Дол“

Жители на Дамјан се загрижени дека евентуалното отворање на рудникот Боров Дол ќе ја загрози нивната околина. Велат дека почвата се’ уште не е опоравена од работењето на рудникот Дамјан, а водата е горлив проблем за којшто нема решение и не сакаат ниту да слушнат за нов рудник во нивна близина.

За разлика од другите општини од југоистокот кадешто градоначалниците се против отворање на рудници, првиот човек на Радовиш, кој и сам е поранешен вработен во Бучим вели дека општината ќе ја даде целата потребна поддршка да се отвори Боров Дол.

Извршниот директор на Бучим вели дека Боров Дол е од големо значење за локалната економија и ќе го продолжи векот на Бучим, кој наредната година одбележува 40 години од отворањето.

Според раководството на Бучим отворањето на Боров Дол ќе го продолжи стопанскиот живот на Бучим до 2031 или во најдобар случај со евентуално рпоширување на Боров Дол до 2042 година.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ