Граѓаните што по грешка стиснале донирај на ДДВ сега бараат УЈП да им ги врати парите назад

Граѓаните што по грешка стиснале донирај на ДДВ сега бараат УЈП да им ги врати парите назад. Над 8000 донирале, а повеќе од 35 .000 се изјасниле дека сакаат да го земат повратокот на ДДВ што им следува.

Од ДДВ –то на граѓаните кои скенираат фискални сметки во Фондот за справување со КОВИД – 19 се слеале близу 155 илјади евра. Сепак бројот на оние кои не сакале да донираат, е за четири пати поголем отколку оние на што се решиле да повратокот на ДДВ да го дадат за борба против корона вирусот.  Луѓето кои ги сретнавме со различни одговори

Но, до УЈП пристигнале мејлови од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат парите да им бидат исплатени на сметка. Од УЈП пак немаат точна бројка за колку корисници станува збор. Директорката Лукаревска вели парите ќе им бидат исплатени во најкус можен рок.

 – За нив дополнително, во најкраток можен рок ќе известиме за начинот за исплата . Тоа беше поставено доброволно и им благодарамна сите што донираа, вели Сања Лукаревска директорка на УЈП

Инаку во ФОНДОТ за КОВИД 19 освен мерката за донирање на парите од МОЈ ДДВ се најдоа дел од платите на функционерите кои се со слика  на своите профили на социјалните мрежи се пофалија дека месецов земале само минималец.

Теодора Цветковска

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ