
Граѓаните се спремаат за 85 – часовен полициски час
На два метри растојание , со маски на лицето еден позади друг луѓе чекаат да изпазарат. Редици пред продавниците , пазарчињата и месарите. Граѓани со полни колички пред маркетите. Ваква е сликата пред престојниот Велигденски карантин.
Македонија никогаш до сега не била „под клуч“ 85 часа. Неколку часа пред да почне најдолгиот полициски час досега , граѓаните кои ги сретнавме кои ги велат дека дека мерките и правилата се почитуваат, и дека успеале навреме да ги наполнат фрижидерите за празничниот карантин .
До ваквата одлука дојде откако со денови здравствени власти повторуваа дека пикот на коронота се очекува на крајот на месецов, па како превенција од ширењето на вирусот Владата реши овој продолжен викенд сите да останат дома . Па така од попладнево па се до вторник во 05 часот наутро, се забранува движењето во цела држава.
Oд вчера пак се забрани одењето на сите излетнички места, паркови и шуми во земјава кои се најатрактивни за традиционалните празнични скари.
Ова традиција ќе почека за некој нареден празник, затоа што движењето на овие места ќе биде забрането до вторник сабајле.
Забраната за движење во полициски час, нема да важи за лицата со попречност , одлучи Владата. Овие луѓе ќе можат во било кое време да се надвор од своите домови.
За земјоделците важи истото правило. Тие и понатаму ќе можат да се движат со посебни дозволи, Но само во атарот на селата до нивните ниви.
Македонија ја живее третата недела со воведен полициски час, кој во неколку наврати се зголемуваше. Прво во Куманово, а од минатата недела и на територија на цела држава.
Неизвесно е до кога ќе траат ваквите рестикциите , со оглед на тоа дека допрва се очекува пикот на болеста.
Teoдора Цветковска