
Граѓаните против сечата на дрворед
13 ноември 2019 – 75 години од ослободувањето на Скопје. До адресата на Град Скопје и општина Центар пристигнува писмо со 500 потиси од граѓани против проширување на улицата Даме Груев со две коловозни ленти од „Палома бјанка” до Собранието и плус пешачка лента на Рекорд.За две недели граѓаните добиваат одговор потпишан од градоначалникот на Центар, Богдановиќ. Во кој се вели дека за овој проблем треба да тропнат во бараките на Град Скопје и да му се обратат на Шилегов. Дел од потписниците на оваа инцијатива велат дека досега никој од градската власт не ги исконтактирал , а ова е проблем кој се провлекува со години. Надлежните сепак нашле време да ангажираат геодези кои пред две недели ја мереле улицата , за да видат дали и кога ќе може да почне да се работи, ни кажаа станарите кои живеет во овие згради и зборувале со работниците. Кај нив се уште постои страв дека ќе го изгубат тротоарот и дрворедот пред нивните згради па од влез директно ќе илегуваат на улица.
Станарите кажуваат и дека спродување на план за Центар стар 60 години , не може да биде идеално решение , во време кога во Скопје има мноху повеќе жители и автомобили од порано.
Од Град Скопје ни одговорија дека дека се уште работат на решение и до тогаш нема да коментираат за излегот на улицата . Од кабинетот на Шилегов додадваат и дека граѓаните не треба да стравуваат дека ќе добијат асфалт наместо зеленило.
„Градот во моментов работи на две одделни сообраќајни студии кои го обработуваат централното градско јадро и пред нивното завршување не би коментирале за намената и изгледот на улицата Даме Груев. Решението може да биде поврзано со трамвајската линија која што би поминувала на „Рекорд” и евентуалното затворање на таа улица, но тие прашања се сеуште отворени “, велат од Град Скопје.
Инаку за овој план, минатата година имаше реакции и од еко активистите и невладините. Меѓу нив и герила акцијата „Стоп за сечење дрвја за проширување улица“
Теодора Цветковска