
Граѓаните пак сами ќе поднесуваат ГДП, пак се чека пет до 12
И оваа година ќе има метежи на шалтерите на УЈП. Граѓаните кои лани покрај платата и пензијата оствариле екстра приходи, до 15 март запоследен пат ќе мораат сами да поднесат Годишни даночни пријави. Досега се поднесени помалку од 2.400 пријави, даночниците апелираат да не се чека пет до 12.
„Досега за остварени приходи во минатата година имаат поднесено 2.300 лица во хартиена форма и поднесени се 120 електронски годишни даночни пријави, што значи дека ќе се повтори истата ситуација како и минатата година“, вели Авдиќ.
Ветувањето дека повеќе нема да мора да се поднесува ГДП во хартија ќе се исполни дури од наредната година, граѓаните тогаш ќе добиваат пополнета даночна пријава. Но, но за таа цел во текот на оваа година треба да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП за персонален данок на доход.
„Граѓаните од сега да почнат да се регистрираат на системот е персонален данок, за да не биде наредната година да има гужви, хаос, недоразбирања и слично, односно една година има за да се подготват граѓаните, за да и УЈП следната година биде порелаксирана, бидејќи станува збор за половина милион граѓани“, вели Новаковиќ.
Лани се поднесени близу 440 илјади годишни даночни пријави, а и годинава се очекува слична бројка.
Од почетокот на годинава физичките лица кои остваруваат приходи од други физички лица по основ на закупнини, капитални добивки, плати од димпломатско-кнзуиларнио претставништва на кои не е платен персоналец, од повремени услуги и од продажба на сопствени земјоделски пролизводи надвор од зелените пазари, нема да поднесуваат аконтативни даноч ни пријави, туку ќе мора да се регистррираат во системот на УЈП за е-персонален данок. Електронските пресметки ќе се поднесуваат секој 10 во месецот, за приходите во претходниот месец. Единствен услов за регистрација е оној што се регистрира да има валидна е-пошта.
УЈП ги појасни правилата за оние што продаваат сопствени земјоделски производи надвор од зелените пазари.
„Од 1 јануари 2018 данокот го пресметуваат и го плаќаат исплатувачите кои вршат откуп на земјоделски производи во моментот кога вршат исплата на приходите на физичките лица. За приходите кои ги остваруваат физичките лица од продажба на сопствени земјоделски производи на тезги на зеленикте пазари, УЈП го врши оданочувањето по службена должност“, вели Петрова.
Во системот се регистрирано 21.000 физички лица, меѓу кои се и оние кои претходно биле регистрирани во системот е-даноци.
Нина Нинеска-Фиданоска