
Граѓаните ќе се спасат од старите долгови за камати ако не се распушти Собранието
Старите долгови за камати ќе станат минато за граѓаните само доколку не се распушти парламентот. Но ако се распишат нови избори, ова законско решение нема да го види светлото на денот, туку ќе чека нов собраниски состав. Денеска комисијата за буџет прифати во предлог законот за отпис на долговите што граѓаните ги имат кон претпријатија што вршат јавни и комунални услуги, да бидат вметнати дел од барањата на граѓанските организации а кои произлегоа од јавната расправа. Наместо по три месеци, Законот ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник а претпријатијата што вршат комунални и јавни дејсности, треба во рок од 10 дена да донесат генерална одлука дали го прифаќаат отписот на каматата. Граѓаните ќе имаат рок од 12 месеци да го платат основниот долг
Овој закон е предлог на околу 90 пратеници од власта и опозицијата. Тој се однесува на долгови од камата за неплатена радиодифузна такса, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување.
Предлог законот предвидува отпис на камата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на долгот до конечната исплата на побарувањето
Виолета З. Стојановска