Граѓаните да користат безготовинско плаќање и да избегнуваат банкноти

Граѓаните да избегнуваат плаќање со пари, повеќе да користат електронски картички, апелираше заменик-министерот за здравство, Арменд Аслани.

Аслани денеска, на заедничката прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш повика да се избегнува движењето надвор, собирањето по пазари, во продавници и дуќани.

Има уште една препорака од СЗО – доколку разменуваме банкноти, пари, треба почесто да ги миеме рацете. Но, ако е можно, подобро е да плаќаме со картички, односно електронски, истакна заменик-министерот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ