Граѓани протестираа против извршителите

Неколку стотици илјади денари за заборавен долг од два денари, наплата на долгови преку извршители од банка која веќе не постои се дел од маките на граѓаните кои денеска излегоа на протест пред Министерството за правда.  

Претставниците од синдикалните здруженија побараа државата да направи ветинг и на извршителите, затоа што според нив тие незаконски се богатат на грбот на народот.

До адресата на  ресорното министерство стигнаа поплаки од граѓани кои се пожалија од работата на извршителите. Од Министерството за правда по средбата со граѓаните соопштија дека по разгледувањето на поплаките, заклучиле дека најголем проблем се камататите , но и тоа што банките земаат многу пари за да ги деблокираат сметките на граѓаните. Во тек се и анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи, па така каматата би се регулира законски и нема да го надмине првичниот износ на долгот.

Граѓаните порачаа дека нема да се смират додека не се најде решение за овие драконски казни и ќе протестираат се додека надлежните не се согласат и преземат конкретни мерки.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ