
Градската општа болница „8-ми Септември“ не констатирале никакви телесни повреди кај Јанакиески
Денес, 21.02.2019 година, во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата.
По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди.
Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје, апелира јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.