Градоначалникот на Велес Аце Коцевски во самоизолација, сопругата е матичен лекар на двајцата заразени

Да, јас сум во самоизолација, потврди за Телма градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Објаснува дека неговата сопруга е матичен лекарна двајца од тројцата заразени од корона вирусот во градот. Тие биле на преглед па поради ова Коцевски се речил да се самоизолираат заедно со неговата сопруга. Земен е брис од двајцата и ги очекуваат резултатите од нивното тестирање. Апелира граѓаните да ги почитуваат сите мерки. Градот има формирано кризен штаб и превзема дополнителни мерки за да се спречи ширењето на заразата, вели Коцевски. До сега во Велес се земени примероци за тестирање од 35 луѓе кои заразените ги навеле дека биле во блисок контакт со нив. По ова се очекува да се тестираат и други околу 200 луѓе.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ