
Градоначалникот на Студеничани препорачува без потреба да не се излегува од дома
Граѓаните на почетокот сметаа дека ова не е вистина и вирусот не постои, вели градоначалникот на Студеничани Азем Садику.
Кај тие што не се придржуваа до мерките доволно беше еден да се зарази и потоа сигурно се заразиле и другите лица. Ние како општина преземавме многу мерки, го активираме кризниот штаб, апелиравме секој ден, имавме добра соработка со полициајта, треба максимално да се почитуваат мерките и максимална дисципина за дополнително да не се проширува вирусот, вели Садику.
Тој вели дека минатиот петок им издале наредба на верските службеници да апелираат до граѓаните да не излегуваат од дома освен поради итни причини.
Апелирам до граѓаните со најстрога дисциплина да се приджуваме до мерките, значи без заштитни маски, без некоја сериозна потреба да избегнуваме поголеми метежи за да се спасиме од ова зло, порача Садику.
Градоначалникот на Студеничани вели дека после последните случувања и самите граѓани веќе започнале посериозно да гледаат на ситуацијата и мерките за превенција на ширењето на коронавирусот. Садику вели дека само строгата дисциплина на граѓаните ќе спречи воведување карантин во општината.