
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, позитивен на корона вирусот
Градоначалникот Петре Шилегов е еден од 96те нови случаи на заболени од коронавирус во Скопје. Тој попладнево преку социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека се тестирал и резултатите биле позивитни.
„ Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому“ напиша Шилегов.
Во телефонски разговор за Телма тој изјави дека не знае од кого се заразил и потврди дека има неколку регистрирани случаи на заболени во Град Скопје, кои се веќе изолирани а контактите се во изолација.
Изминатите неколку дена Шилегов немаше јавни настапи, а беше присутен само на акцијата за чистење на Кејот на Вардар изведена заедно со УНДП