Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски позитивен на КОВИД 19

Како што самиот ги извести медиумите според најновите податоци по тестот за корона вирус, Димитриевски објави – ги добив најновите резултати 40 мои сограѓани помеѓу кои и јас сум позитивен на КОВИД 19.. Ве охрабрувам заедно и дисциплинаро да продолжиме во борбара, почитувајте ги мерките и одржувајте дистанца.. Ќе продолжи со својата работа против короната по препораките на здравствените власти, вели Димитриевски.. Во Куманово има 263 заболени и според последните официјално објавени бројки 10 починати.

Димитриевски вчера имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Жарко Караџовски, претседател на комисијата за заразни болести.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ