
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски останува дома во самоизолација
Имало недоследности при состаноците во Куманово по кои градоначалникот и дел од членовите на кризниот штаб добија позитивен резултат на Ковид 19 а тоа ги смести во самоизолација и премиерот Спасовски, вицепремиорот Османи и министрите Филипче и Адеми. Сотирова Бухова не откри каде и кој ги направил грешките
Спасовски и Филипче објавија остануваат во самоизолација додека не помине периодот од 14 дена и покрај негативните тестови. А истото правило важи и за градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Димитриевски во телефонски разговор ни кажа дека ке ги почитува насоките на епидемиолозите дека мора да остане дома, откако вчера побара ИТНО укинување на решенијата за самоизолација затоа што двата теста кои самоиницијативно ги направил на две приватни киники покажале дека е негативен. Ист насока доби и од директорката за Државниот здравствен инспекторат која објасни дека решенијата кои ги издава инспекторатот за сите позитивни на ковид 19 мора да се спроведат до крај по што епидемилоозите догааат во домот на заболеените да земнат брис
Димитриевски во телефонски разговор ни рече дека се уште не добил ни одговор на дилемата зошт резулатите се различни, откако вчера на фејсбук напиша
-Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.
Но денеска не сакаше да коментира повеке на оваа тема.
Максим Димитриевски, граодначалник на Куманово:
Ќе ги почитувам насоките на епидемиолозите. Немам време за дворски игри туку целосно ќе се посветам на справување со епидемијата во Куманово. Се чувствувам во добро здравје и немам никакви симптоми.
И раководителот Регионалниот центар центар за управување со кризи Горан Стојановски кој е член на кумановскиот кризен шаб а кој беше првично позитивен, вчера добил негативен резултат и на присусво на вирусот и на антитела, откако се тестирал приватно . Бара уште едно тестирање преку центарот за јавно здравје за да се утврди дали е грешно првото кое покажа дека е позитивен а за кое се уште не добил резулатоти на писмено
Во однос на тоа што го напуштил домот за да се тестира, Стојановски вели запазени се сите процедури тестовите ибле закажани пркеу матичниот лекар, се најавил на телефоснкиот број 192 а до болниците бил однесен со брз помош за што платил на приватно.
Директорот на институот за јавно здравје во телефонски разговор за Телма уверува дека граѓаните не треба да се сомневаат во резулатите од тестирањето . Имаме врвна лабораторија и стручен кадар а можноста за грешка е под 1 процент уверува Мемети. За тоа зошто има некогаш различни резулатати вели дека за исходот од тестирањето вели зависат повеке фактори како кога бил контактот со позитивен на корона, фазата на инкубација кој го земал брисот и како го земал.
Елена Муковска