Градоначалникот на Демир Хисар недостапен за медиумите

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски денеска остана недостапен за новинарите, откако синоќа беше повикан на информативен разговор во полиција за снимката во која тој им се заканува на вработени во основното  училиштето „Гоце Делчев“, дека им ги прислушува телефоните.

Градоначалникот денеска не одговараше на телефонските повици. Од службата за односи со јавноста во општина Деми Хисар известија дека тој е зафатен со работни обврски и состаноци.

Вчера на интернет беше објавено аматерско видео направено во училиштето, каде  градоначалникот Стојановски пред учениците им се заканува на наставниците дека ги слуша нивните телефони и ги потестува дa не заборават дека тој претходно работел во полиција.

Од МВР преку соопштение информираат дека Стојановски бил повикан на распит по насока на Основното обвинитлство откако видеоматеријалот беше објавен во медиумите. Во полиција се бранел дека снмката е од јануари годинава кога во училиштетот имало протест поради промена на  две учителки во друго школо.

По неколку часовен распит тој бил пуштен  вечерта, околу 20 – 30 минути, а за целосно расчистување на овој случај, на информативен разговор во полиција се повикуваат и други лица, соопштија од МВР.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ