Градоначалникот на Демир Хисар на распит во полиција

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанчо Стојановски, е повикан на распит во полициска станица, потврдија за Телма од МВР.

Полицијата и обвинителството реагирале откако во јавноста излезе снимката дека тој им се заканувал со вработените на едно училиште дека им ги прислушкува телефоните.

„Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања“, им вели тој на вработените во училиштето, кои велат дека со денови им врши притисок и добиваат закани од општината за нивни разместувања или отпуштања од работе, во пресрет на референдумот на 30-ти септември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ