Градоначалникот на Чешиново Облешево позитивен на новиот корона вирус

Градоначалникот на општина Чешиново Облешево Горанчо Крстев е позитивен на коронавирус. Tој тврди дека се заразил откако бил да се шиша кај сега починатиот фризер од Кочани на 23 март.Крстев засега нема никакви симптоми и се чувствува добро. Контактот со фризерот биле пред 17 дена, тврди градоначалникот на Чешиново Облешево.

Откако дознал дека фризерот е позитивен на коронавирус, Крстев закажал два термини за тестирање, во приватната клиника Систина а потоа во приватната клиника Филип Втори. Првиот резултат од тестот бил негативен, но вториот се потврдил како позитивен. Тестирана била и неговата сопруга а неговите деца ќе бидат тестирани утре

.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ