Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

– По извршениот тест вчера за можноста на заразен со Ковид-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Заедно ќе го надминеме и ова, напиша Ганиу.

Тој апелира до граѓаните за внимание и почитување на заштитни мерки и препораките.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ