
Градоначалникот Беџети обвини, но не пријави во надлежните институции
Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, не открива што ќе превземе откако упати сериозни обвинувања на сметка на премиерот за притисоци и барања за влијание во Судскиот совет. Тој бо телефонски разговор кусо кажа дека се што имал да каже, соопштил на прес конференцијата што ја свика и дека сега е презафатен со работа во Општината.
Од Обвинителството потврдија дека засега не отвориле истрага.
„Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“.
Околу отворениот судирт меѓу градоначалникот и премиерот се јави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој изјави дека тоа се прашања кои ќе ги разјасанат токму Заев и Беџети бидејќи не станува збор за непремостливи недоразборањата за кои е убеден дека ќе ги надминат. Ахмети смета дека со судирот не е доведена во прашање владината коалиција.
Премиерот Заев пак, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ потврди дека со Беџети разговарал околу евентуалната смена на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и наводите дека тој има заштита внтре во судскиот совет но не и дека побарал тој да влијае при евентуално гласање.
Градоначалникот на Сарај завчера упати сериозни обвинувања на сметка на премиерот, тврдејќи дека барал поништување на легализирана дивоградба на Матка и влијание врз членови на судскиот совет при гласањето за смена на Вангеловски.
Зошто за ова не пријавил во надлежните државни институции, градоначалникот Беџети сеуште не дава одговор.
Огнен Чанчаревиќ