Градинките очекуваат насоки од ресорните министерства кога ќе започнат со работа

Само 100-тина деца од 5-те објекти на детската градинка Младост во Тетово имаат неопходна потреба да одат во градинка во овој период, бидејќи нема кој да ги згрижи додека родителите се на работа. По насоки од ресорното Министерство, Управата направила листи, по направената анкета со родителите на повеќе од 700 деца.

Во општина Тетово за месеците кога градинките не работеа треба да се плати најниската сума за резервација на место, од 521 денар. Родители на идни првачиња, пак, реагираат дека се условени да ја платат сметката за месец мај, иако сакаат да ги испишат нивните деца.

Од управата на градинката велат дека наплатата за овие месеци, се заснова и на фактот што воспитувачките го прдолжија воспитниот процес онлајн.

Градинките очекуваат насоки од ресорните министерства кога ќе започнат со работа.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ