Градинките испразнети, сомнителните немаат морбили, вакцините се елитни -тврди Караџовски

Полупразно, во градинката „Пролет“, утрово дошле помалку деца, откако за Скопје беше прогласена епидемија на морбили и невакцинираните деца добија забрана за престој во градинка.

Градинката „Пролет“ е во општина Карпош во која има најголем процент на невакцинирани деца. Заедно со Центар и Аеродром, трите најурбани општини имаат најмала имунизација за морбили. Сомнежите се главно проширени по социјалните мрежи, дека станува збор за небезбедни вакцини и дека јавното здравство не ужива граѓанска доверба. За епидемиолозите и за здравствените власти вакцините се безбедни, од француско производство и не предизвикале ниту една лоша реакција во 2018-та.

Последните два сомнителни случаи се проверени, и анализите утврдиле дека не се зарзени со морбили. Засега остануваат вкупно 12 регистрирани, од кои двајца пациенти се во сериозна и непроменета состојба на инфективна. Во последните два дена околу 700 деца примиле ММР вакцина, а пред првите случаи на морбили во Радишани околу 15 илјади деца од Скопје не биле вакцинирани. Караџовски вели дека и покрај епидемијата вакцинацијата ќе тече согласно календарот, освен за деца кои се болни.

Дека се помалку деца примаат вакцини во урбаните градски средини покажала и блиц проверката во градинката „Пролет“.

Оние што се против вакцинацијата и натаму се против, а сметаат дека зад вакцинирањето стојат бизнис интереси. Во тек е нов тендер за набавка на вакцини вредни над 10 и пол милиони евра за две годишен период. Критериумот е најниска цена иако на последниот тендер само вакцината ММР е купена преку електронска аукција на која учествувале повеќе компании. Сите останати вакцини се купуваат по принципот на кончена понуда со утврдена цена.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ