
Градежниците најавуваат засилени активности
Градежниците најавуваат засилени активности на градилиштата. Откако статистиката измери пад во градежништвото од 37,2 % во првиот квартал од годинава, од овој сектор стигаат оптимистички најави. Негативниот тренд е зад нас велат тие, следува период на поголема реализација на бројни проекти во инфраструктурата, изградбата на училишта и градинки кои ќе донесат повисок економски раст.
„Трендот од првите 4 месеци, очекуваме од минус да отиде во плус, со реализација на проекти кои ќе имаат економски ефект“, вели Ивица Јаќимовски претседателот на Градежната комора комора при ССК.
Со оптимистички очекувања за економскиот раст веќе од следниот квартал излезе и министерот за транспорт Горан Сугаревски.
„Ќе има висок раст до крајот на годинава, почна во април и март градежна експанзија ќе продолжи и во јуни јули, ќе има сериозни поместувања во втората половина од годинава“, смета Сугаревски.
Похрабри инвестиции градежниците најавуваат и во делот на високоградбата. Откако беше донесена одлуката стапката на ДДВ при прва продажба на стан да остане 5 % се до 2023, се очекува поголема реализација на проектите кои беа испланирани но долго се одолговлекуваа. Од градежната комора уверуваат дека становите нема да поскапат туку ќе се гради поквалитетно а цената за еден метар квадратен ќе остане иста.
Виолета З. Стојановска