
Градежната фирма не ја известила Лила за платениот данок, финансиска не ја викна ни на исказ, тврди одбраната.
Адвокатите на Лила Стојановска денеска реагираа на кривичната пријава против нивната клиентка за затајување данок во износ од над 1,780 000 денари.
Во нивната реакција се вели:
“Согласно позитивните законски прописи, Аконтација на данокот на доход ја пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен приход. Исплатувачот е должен при секоја исплата, на обврзникот, да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и платените придонеси. Оттука обврска за пресметка и исплата на персонален данок е на правното лице кое извршило исплата, односно ДАН МАК. Уште повеќе, факт е дека Лила Стојановска примените средства ВО ЦЕЛОСТ ги има вратено на исплатувачот пред крајниот рок за доставување на годишна даночна пријава, со што, согласно воспоставената пракса во Македонија се смета дека истата не остварила приходи.
На крај само сакаме да посочиме дека зачудува фактот што е поднесена кривична пријава без да се овозможи на Лила Стојаноска да даде исказ или приложи докази со што се повредуваат нејзините права”