Градежна комора: Општина Центар за 2 години поправи само два детални урбанистички планови

Додека општина Центар смислува ново оружје за да ја запре градбата во општината, градежниците задоволни од одлуката на Уставниот суд кој ги „ослободи“ сите ДУП – ови за кои имаше ставено забрана за издавање градежни дозволи. Нивниот став е дека градежништвото не е мафија, и прашуваат зошто за безмалку две години не се поправени сите грешки во спорните урбанистички планови, како што ветила општината.

15 месеци не се случи соработка со општината за да ги кажеме нашите ставови. 2 години поминаа со се изборите, а не се ревидираат дуповите, вели претседателот на градежната комора Ивица Јакимовски.

Сега одново се поставува прашањето дали потенцијалните инвеститори ќе продолжат со купување на земјиштето спроти „Холидеј ин“, и ќе побараат градежна дозвола за изградба на 3 62-катници според постоечкиот детален урбанистички план.

На 14 март Советот на општината ги изгласа измените за два детални урбанистички планови. Претседателката на советот на општината Јана Бeлчевска тврди дека планерските куќи кои ја добиле задачата да ги поправаат спорните дупови не си ја завршиле работа на време и како што треба. Дел од нив се истите кои и самите цртале планови за претходната локална власт. Градежниците очекуваат квалитетени дупови, а не да се става на пауза целиот сектор – градежништво. Постојат правилници со кои се предвидува и до 30 проценти зеленило на градежни парцели, но тоа се почитувало секогаш тврди Јакимовски од градежната комора.

Мораториумот беше брз одговор на Центар за да ја запре изгрдабата на хотели, станбени единици, висококатници и деловни објекти на места кои треба да бидат зеленило и паркови.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ