Град Скопје потврди дека еден од починатите е нивни вработен

Град Скопје потврди дека еден од починатите е нивни вработен Зоран Давидоски, 37 годишен, бил раководител на Сектор сообраќај. ЕВН потврди дека еден од починатите бил вработен кај нив. Тој им подлегнал на повредите во болница.

Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај. Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател.

Исто така двајца од повредените кои не се во животна опасност се вработени во ЕВН. Меѓу починатите е и Јовица Трпевски, син на пратеникот Благојче Трпевски.

Ова за Телма го потврдија, од пратеничката група на СДСМ. Јовица имал 27 години, тренирал кошарка во клубот Гостивар. Од Кошаркарскиот клуб поради трагичната смрт на Јовица побарал одложување на натпреварите на кошаркарската лига. Меѓу загинатите е и Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар која се враќала дома од посета на роднини во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ