Град Скопје постави дигитални мерачи на брзина пред поголемите средни училишта

Три годишното девојче кое што беше повредено во сообраќајната несреќа на булеварот Србија во која животот го загубе нејзината баба  е оперирана на детска хирургија и се чувствува добро, велат од детска хирургија.

Во билтенот на МВР вчера беше евидентирана уште една сообраќајна незгода во која сериозно беше повреден пешак на булеварот Александар Македонски каде што возило со прилепски регистарски таблички удрило во 16 годишни девојка, која со возило на брза помош била префрлена во комлексот клиники Мајка Тереза, каде биле констатирани тешки телесни повреди.

Најчестата причина за сообраќајни незгоди е  возењето со брзина поголема од дозволената и возење под дејство на алкохол. Градот Скопје, од денеска започна акција за поставување на дигитални мерачи на брзина пред неколку поголеми средни училишта со надеж дека тие ќе придонесат за намалување на брзината со која се вози по големите булевари.

Статистиката вели дека бројот на сообраќајни незгоди за годинава е сличен на бројот минатата година. Во 2017та имало 4.019 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 137 лица. Проценетата штета била во висина од 116 милиони денари.Најголемиот дел од нив се случиле во Скопје.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ