
Град Скопје побарал од Општина Центар да му ги предаде сопственоста и одржувањето на спомениците од Скопје 2014 за да ги дислоцира
Општина Центар треба да одлучи по испратеното барање од Град Скопје, за предавање на сопственоста и на одржувањето на спомениците и на фонтаните од проектот Скопје 2014, со цел дел од нив да бидат дислоцирани. Барањето е испратено поради скапото одржување кое Град Скопје го чини 500 илјади евра годишно, рече градоначалникот Шилегов.
Барањето е поднесено, ги испитуваме законските можности, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, дали може советите да донесат такви одлуки и прифаќање на таква обврска. Меѓутоа, еве ги изборите за месец дена ќе поминат. Тоа ќе го реализираме во секој случај, рече Шилегов.
Градоначалникот на Центар, Богдановиќ, ја потврди информацијата дека поради предизборниот период се анализираат можностите за предавање на сопственоста и на одржувањето на спомениците и на фонтаните од „Скопје 2014“, на Градот и дека тие ќе постапат по барањето. Спомениците и фонтаните беа поставени кога градоначаник на Центар беше Владимир Тодоровиќ. По доаѓањето на негово место на Андреј Жерновски, тој постигна договор со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, одржувањето од Општината да премине на Градот.
Актуелниот градоначаник на Скопје се ангажира да ги отстрани спомениците и фонтаните од „Скoпје 2014“, откако минатата недела во невремето со силен ветер падна фасадата на МЕПСО, за чие внатрешно и надворешно реновирање претходната власт потроши 11 милиони евра.
Сотир Трајков