
Град Скопје одлучи да го „израмни“ кровот на ГТЦ по силните критики на граѓаните
Преку ФБ профилот градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави дека ќе се демонтира времениот објект кој скопските власти го испланираа за кровот на ГТЦ. Јавноста го искритикува чудниот градежен зафат на град Скопје. Денеска е донесена одлука да се сопре таа авантура која требаше да роди привремен објект со угостителска намена на врвот на ГТЦ.
-По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ. Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило, објави скопскиот градоначалник на својот профил.