Град Скопје ќе се задолжи 12 милиони евра за изградба на нов Забавен парк

Советниците на Град Скопје дадоа амин на земањето на кредит од 12 милиони евра за зградба на Забавен парк и набавка на реквизити.  По долгата расправа дали на градот му треба забавен парк за кој ќе се потрошат милионски суми ваквиот предлог сепак се изласа.

Градоначаникот Петре Шилегов изјави дека долгорочните цели на главниот град е изградба на нов тематски забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда.

Тој додаде и дека не е градоначалник кој ќе прави споменици , туку ваквиот парк ќе донесе туристи.

Забавниот парк добива сосема нов концепт. Ќе зафаќа  површина од с 26.000 метри квадратни, односно ќе се прошири на просторот каде сега се наоѓаат летните дискотеки во Градски парк. Исто така наместо Луна парк тој ќе се вика Забавен парк, ќе има содржини и реквизити за различни возрасти и многу повеќе отколку што беа предвидени со претходниот проект.

Набавените 7 реквизити во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски ќе се вклопат во новиот парк, а плус ќе бидат купени уште 20.

Градоначалникот Шилегов очекува Забавниот парк да биде готов наредната година, а за 7 години да се вратат парите кои се вложиле.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ сите советници кои излегоа на говорницата кажаа дека не се против тоа метрополата да добие Забавен парк , но сметаат дека градот не треба дополнително да се задолжува.

„Можеби овој проект и му е потребен на градот, но секако не се согласувам дека му е потребно едно вакво задолжување. И секако не се согласувам да биде сместен онаму каде што се планира да е сместен во непосредна близина на централното градско подрачје , а согласно плановите и најавите на градоначалникот за капацитето и сите активности кои таму се планираат и бројот на посетители дневно сметам тоа доплонително ќе го оптерети сообраќајот“  изјави советничката од ВМРО ДПМНЕ Ирена Попова.

Инаку, по жестоката дебата, мнозинството во Советот со 23 гласа „за“ одлучи да се задолжи за изградба на паркот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ