
Град Скопје ја продолжува кампањата против палење на стрништата
Кампањата против палењето стрништа од страна на земјоделците, која лани ја започна Град Скопје, со цел намалување на загадувањето на воздухот и беа собрани 700 метри кубни отпад, продолжува и годинава со вклучување на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За 100 килограми отпад што секој земјоделец ќе го пријави за да биде бесплатно подигнат од службите на Градот, тој ќе добие околу 30 килограми органско ѓубриво за почвата што ја обработува, беше речено на денешната прес конференција. Од оваа година, новина во кампањата е и компостирањето на органскиот отпад.
- Оваа кампања ќе придонесе за намалување на загаденоста на воздухот, зачувување на плодноста на почвата, спречување на ширење на евентуални пожари кои предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи. Ги повикувам и останатите општини да се приклучат, рече Трајан Димковски- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Оваа година проектот за собирање на остатоци од берба, ќе го компостира собраниот материјал во објект, во сопственост на Град Скопје. Компостирањето на овие остатоци од берба има повеќе придобивки за животната средина, за земјоделското производство, за спречување на загадувањето, објасни д-р Џефри Ли- MDC.TI.NET.