
Град Скопје ја отстранува првата галија во коритото на реката Вардар
Ќе се отстранува првата од трите галии од коритото на реката Вардар, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Градот Скопје водел правни постапки и со прецизност да биде отстранувањето на првата галија, без да има опасност за граѓаните и било какви финансиски импликации.
Станува збор за галијата што се наоѓа до Панорамското тркало. Корисникот во рок од триесет дена, мора на свој трошок да ја отстрани.
Доколку корисникот не ја отстрани сам, Град Скопје ќе ја отстрани на негов трошок, после истекувањето на рокот, во април. Месечната закупнина на галијата изнесува околу 80,000 денари.
Сумата корисникот не ја плаќал на Градот. Тој имал и дозвола за вршење на дејност, но и тоа не го направил.
Објектите од „Скопје 2014” можат да ја наштетат безбедностата на граѓаните од поплави, што води до материјална штета, како и животот и здравјето на граѓаните, соопшти Град Скопје.
Петар Догов