Грабар-Китаровиќ: Процесот на проширување на ЕУ мора да продолжи

Процесот на проширување на Европската унија мора да продложи за да не додје до поплнување на тој вакум процес од трети страни, порача денеска хрватската престедателка Колинда Грабар Китаровиќ од Скопје. Таа го поздрави фокусирањето на Брисел на, како што рече, Југоистона Европа, вклучително и на Македонија.

„Силната ангажираност и осознавањето дека процесот на проширување на ЕУ мора да се продолжи дека со застојот на проширувањето се создава опасен ваккум кој тогаш го исполнуваат трети страни, на кој не им е во интерес напредок на нашите соседни држави на патото за членство во ЕУ или НАТО“, изјави претседателка на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ.

Грабар Китаровиќ која се наоѓа во официјална посета на Македонија заедно со  претседателот Ѓорге Иванов сметаат дека преговори за членство во ЕУ треба да се водат паралелно со преговорите за решавање на спорот за името. Тие како успешен како пример за паралелни преговори го посочија примерот на Хрватска и Словенија.

„Во нашиот регион постои позитивно искуство на паралелно движење на преговарањето и наоѓање заедничко решение за отворено прашање. Тоа е примерот меѓу Република Хрватска и Република Словенија, кој може да се примени во случајот со Република Македонија“, изјави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Китравиќ притоа рече оти се надева дека наскоро ќе се реши спорот за името меѓу Македонија и Грција, додавајќи дека притоа не смеат да се наметнуваат решенија од надвор. Таа ја поздрави препораката од ЕК за Македонија, велејќи дека Хрватска ќе направи се што може земјава во јуни од Европскиот совет да добие датум за старт на преговорите.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија во Европскиот Совет да се донесе позитива одлука за отворање на преговорите преку отворената дипломатиија, но и во доменот на дипломатијата зад затворени врати. Со создавање на коалиици на држави со земји кои исто така сметаат дека Македонија треба да ги почнат преговори, планирање на заеднички настапи и аргументирање на тоа, како и да се разговара со оние држави кои можеби во овој момент не се приклонети кон тоа“, Изјава – претседателка на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ

Во контекст на спорот за името и вчерашната, последна рунда од преговорите, претседателот Иванов рече дека засега лидерска средба не е предвидена за да се информра за текот на процесто на преговорите.

„Од вчерашната средба се уште немаме никакви информации. За се што се разговарало треба да го прашате министерот за надворешни работи и владата. Засега лидерска не е предвидена“, изјави претседаелот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Двајцата претседатели беа едногласни дека билатерланите односи меѓу двете држави се на одлично ниво, со отворен простор за зголемување на економската соработка. Иванов притоа искажа надеж дека Хрватска во наредните години ќе стане петти трговски партнер на Макеоднија.

Грабар – Китраровиќ од своја страна рече дека двете држави работата на продлабочување на економската и стопанската соработка, во делот на сезонските работи, извоз и увоз на производи, при што рече дека Загреб неодамна го решил увозот на вино од Македонија, како и заднички настап на тетри пазари.

И двајцата претседаели се согласија дека иако положбата на на хрватското и макеоднското малциснтво во двете земји е позитивно, тоа може да се подобрува.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ