Говорот на Иванов може да генерира нови тензии

Недоличен говор, полн со омраза кој поттикна нетрпение кај луѓето и доведе до инциденти. Вака експертите го оценија и осудија вчерашното обраќање на Претседателот Иванов. Професорката Татјана Стојановска Иванова вели дека Иванов повеќе нема морален кредибилитет. Наместо да ги обедини граѓаните тој ги разгоре страстите и придонесе прославата за Илинден да биде скандалозна.

Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека Иванов се обидува да преземе улога која е карактеристична за политичарите на раните деведесети години на Балканот а, после вчерашниот говор во присуство на меѓународни претставници на сите им стана јасно со кого си имаат работа.

Јавноста бара не само осуда туку и конкретни мерки и одговорност за сите инволвирани во инцидентите.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ