Гостиварското семејство Јосифоски се бори за егзистенција

Гладни и болни во очај и солзи го поминува секојдневието тричленото гостиварско семејство Јосифоски во оваа руинурана соба. Единствените приходи на Јосифоски се социјалната помош и минималните примања кои ги добива семејството како надоместок за ќерката Радица, која има пречки во развојот. Но оваа помош во висина од 5.000 денари не стига ниту за лекови, а често и доцни

Гајта не може да работи затоа што мора постојано да се грижи за нејзината ќерка. Нејзиниот татко пак Милутин пак поради нарушеното здравје не може да работи.

Семејството поднело барање за надоместок за туѓа нега со оглед на тоа што Радица не може сама да ги извршува основните потреби, но биле одбиени.

Не гледајќи друг излез, јавно се обраќаат до сите институции, граѓани и фирми кој колку може да им помогне.

За зрак светлина во единствената соба што ја имаат за Јосифоски, последната надеж лежи во хуманоста на граѓаните, но и освестување на институциите.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ