Гостиварецот Нагип Али 6 години го живее вториот живот по трансплантацијата на срце во Виена

„Го живеам вториот живот, многу подобар од предходно“, ова се зборовите на 40-годишниот Нагип Али од Гостивар, кај кого е направена трансплантација на срце.

Се започнало во 2007 година по компликација од грип. Минувајќи низ болничките лавиринти, а немајќи таква опција во неговата земја, пресадувањето на органот го прави во 2014 година во Виена, Австрија.

Од Здружението на пациенти со механичка циркуларна потпора на работа на срцето „Храбро срце“ се среќни што конечно работите се придвижија во позитивна насока, бидејќи тие неколку месеци бараат да се започне итна кампања за органодарителство.

Од Здружението бараат Фондот за здравствено осигурување да го прифати нивното барање на покривање на трошоците на нивните членови.

Здружението „Храбро срце“ има 20-тина членови, од кои 10-тина немаат никаква механичка поддршка, а 11 пациенти моментално имаат вградени пумпи.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ