Ѓоргиев: Ако од било која страна има историски жртви тогаш договор не е постигнат

Пратеникот во европскиот парлемент од бугарската партија ГЕРБ, Андреј Ковачев оценува дека декларацијата која ја усвои парламентот во Софија е по терк на Северна Македонија. Тој во изјава за Радио Фокус вели дека е тешко да се надмине пропагандата која трае 75 години во Северна Македонија. Тој бара објавување на оригиналните документи од османлиските архиви, бидејќи вели важна е вистината, а не толкувањето.

  • Нема компромис со историјата. Треба да биде јасно дека Бугарите никогаш не биле бугарски фашистички окупатори и омразата не треба да биде вкоренета во музеите и учебниците“, вели европратеникот. Ковачев смета дека решавањето на кој било спор зависи од двете страни.

Мешовитите комисии кои заглавија на прашањето околу Гоце Делчев веќе три состаноци не можат да ги усогласат ставовите. Историчарот Драги Ѓоргиев кој е на  чело на македонскиот тим истакна дека ако од било која страна има историски жртви тогаш договор не е постигнат. Преговорите продолжуваат без оглед на тоа што се случува на политичката сцена.

  • Никој ништо нема да жртвува во тие преговори, преговорите меѓу бугарско македонски комисии ќе продолжат без оглед на тоа што се случува на политички план, изјави денеска Драги Ѓоргиев, историчар.

Во бугарската декларација се посочува дека бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“. И се елиминира секаква можност за искривување на историските настани“.

Во истовреме дел од бугарските интелектуалци отворија петиција за контра- декларација. Николај Василев, политиколог, Стефан Дечев, историчар, Мироислав Ризински, новинар, како и познатите јавни личности Минчев, Василев, Чуканов и други го сметаат за апсолутно неприфатливо враќањето на јазикот на националкомунизмот, за каков што го сметаат оној употребен во декларацијата. 

Декларацијата според нив содржи голем број на загрижувачки и проблематични барања – нашата заедничка историја до 1944 година се споменува како историја на само еден народ. Едно од клучните барања на источниот сосед е никаде на ниво на ЕУ да не се споменува македонскиот јазик. Денешна Бугарија и денешна Северна Македонија се еднакви наследници на вековната култура и цивилизација. Затоа, го осудуваме поимот што честопати го користат некои националисти од обете страни, пишуваат интелектуалците во декларацијата до бугарската влада.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ