Ѓорчев засега единствен кандидат во ВМРО ДПМНЕ, СДСМ утре одлучува

Министерот Оливер Спасовски не потврдува, но ниту негира дека е можен кандидат од СДСМ за претседател на државата. Изјави дека, на седницата на Централниот одбор, закажана за утре, ќе се разгледуваат сите аспекти на претседателските избори и дека е важно да се избере претседател што ќе биде прифатлив за сите граѓани и што ќе мисли за иднината на државата.

Покрај Спасовски, во СДСМ се мери рејтингот уште на неколкумина потенцијални кандидати.Меѓу нив се и вицепремиерката Радмила Шеќеринска и министерот Никола Димитров.

Фаворитите на двете најголеми партии овојпат не можат со сигурност да ги именуваат ниту аналитичарите, кои во Топ тема на Телма толкуваа дека, резултатот на изборите многу ќе зависи од тоа, дали тие ќе бидат само претседателски или заедно со нив ќе се одржат и вонредни парламентарни. Петар Арсовски смета дека вонредните избори носат голем ризик да се збогуваме со датум за преговори за ЕУ годинава, а и политичката цена може да биде висока.

Александар Пандов, пак, ја исклучува можноста ВМРО ДПМНЕ да го кандидираат Мицкоски, но затоа  се` уште не е убеден дека Заев нема да се кандидира од СДСМ.

Пандов смета дека ВМРО ДПМНЕ мора да ја искористи ситуацијата и да бара вонредни парламентарни избори после сите, како што вели, земјотреси што се случуваа во државата.

Во оваа партија засега не се пријавил друг кандидат, освен Влатко Ѓорчев. Антонио Милошоски, кој се спомнуваше како еден од фаворитите на опозицијата за наследник на Ѓорѓе Иванов, јавно ја поддржа кандидатурата на Ѓорчев. Ексминистерот на „Фејсбук“ му честиташе на колегата од собраниските клупи за мотивираноста и му вети дека ќе гласа за него.Огласот на оваа партија завршува на 31-ви јануари, по што и официјално ќе се обелоденат кандидатите. Сепак, последниот збор ќе го имаат делегатите на конвенцијата на 16-ти февруари во Струга.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ