
Горанчо Крстев жртва на лажна вест – негов сограѓанин тврдел дека починал од корона вирусот
Од стигматизацијата – до ширење лажни вести за лицата со потврден Ковид 19. Со овој проблем се соочил и градоначалникот на општината Чешиново Облешево, Горанчо Крстев, за кого, негов сограѓанин почнал да шири лага дека е мртов. Во вечерашната Топ Тема сведочеше дека иако веднаш го пријавил случајот, полицијата не презела ништо.