Горанчо Крстев е првиот функционер кој е позитивен на Ковид 19

Градоначалникот на Општина Чешиново- Облешево, Горанчо Крстев е првиот функционер кој е позитивен на Ковид 19. Во телофонски разговор за Телма  изјави дека откако дознал дека неговиот фризер е позитивен веднаш со сопругата направиле тестирање,  првиот тест покажал дека се негативни, но вчерашниот тест дал позитивни резултати. Тој пред 18 дена  бил на потсрижување кај 40 годишниот фризер од Кочани, кој во понеделникот почина на Клиниката за инфективни болести. Забележа дека со години се потстрижувал кај сега починатиот фризер.

Крстев вели дека општината е затворена во наредните 14 дена, 19 те вработени во администрацијата се во домашна изолација, а тврди дека во изминатиот период имал контакти со мал број на луѓе. Неговите деца денеска ќе се тестираат.Матичнта лекарка на Крстев, јасминка Ајтовска ги повика жителите на Чешиново Облешево да се јават кај своите матични лекари.

-Секој кој во последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината..да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника.заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда, кои се без симптоми, вели Ајтовска.

Крстев забележа дека изминатиот месец немал контакти со други функционери, апелираше да нема негативни коментари. Според него не е срамот да се каже дека си позитивен на коронавирус, полошо е да не се каже, бидејќи на тој начин се загрозува здравјето на остантите луѓе кои биле во контакт со заблоениот. Преземени се и превентивни мерки направена е дезинфекција на општинската зграда и на улици, а поддршка добиваат и од соседната општиан Кочани.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ