
Гонзалес: Играчите се сигурни со Кире, но треба да играат и без него
Ситуацијата со Кире Лазаров и неговата повреда се уште е неизвесна и под знак прашање дали ќе може да настапи против Чешка. Селекторот Раул Гонзалес им порача на останатите репрезентативци дека треба да се навикнат да играат и кога тој не може да настапи.
„Треба да се фокусираме на Чешка. Не треба да мислиме дека имаме два меча. Мислам дека нашето финале е против Чешка. Ситуацијата е добра. Ако победиме најверојатно ќе се бориме за петто место. Но имаме шанси и за полуфинале. Не знам дали ќе игра Киро. Тој е под терапија и утре ќе биде познато каква е ситуацијата кога ќе решиме што ќе правиме. Треба да се обидеме да играме без него ако не може да настапи. Мислам дека играчите се чувствуваат добро кога тој игра ама треба да се навикнат и кога Киро не може да игра“, вели Гонзалес.