
Голтал „екстази“ за да ги уништи доказите и наместо во полиција завршил на токсикологија на чистење
26-годишен скопјанец доцна попладнево бил префрлен на скопската клиника за токсикологија откако претходно во близина на Гостивар бил сопрен и во неговото хјундаи биле најдени таблети екстази.
Тој во обид да ги „сокрие“ доказите голтнал десетина екстази. Но кога бил приведен во полициската станица му се слошило, бил однесен првин во гостиварската болница, но поради сериозната состојба вчера вечер бил однесен на токсикологија во Скопје.
МВР извести дека дрогата е најдена вчера околу 17.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница. Во автомобилот покрај скопјанецот биле и 23-годишна жителка на Пехчево и малолетна 17-годишна девојка од Скопје.
Од МВР соопштија дека во возилото хјундаи се најдени таблети екстази, а двет едевојки биле задржани во полициската станица во Гостивар за расчистување и документирање на случајот. Возачот пак бил однесен во болница.
Во гостиварската полиција велат дека и пред десетина дена имало сличен случај, кога кај момче биле најдени 2-3 паковки со марихуана. Но приведениот не ги предал доказите на полицијата туку ги готнал зип-кесичките со спакувана марихуана за неколку цигари.
Миомир Серафиновиќ