Голготата на Веап Мустафа кој официјално е регистриран за прв случај на КОВИД 19 во Дебар

Со голема мачнина Веап Мустафа ги раскажува деновите поминати на Инфективната клиника. На почетокот со сопругата биле сместени во една соба но како поминувало времето нејзината состојба се влошувала. Алије е ставена на респираторна машина , нејзината состојба станува критична..

Веап се чувствувал подобро, но како неговата состојба се подобрувала така се влошувала таа на сопругата. Тој имал само неколку дена температура над 40 но за разлика од Алије немал висок  притисок и толкави приблеми со срцето..

Црните кругови на  оваа мапа го означуваат најтешкото-починатите. Четворица дебарчани заедно со Алије Мустафа , сопругата на Веап починаа од Корона Вирусот. Епидемиологот најтешко го доживувал моментот кога некој од нив го молел за спас –да го излечи а тоа не било во моќта на доктор Ментор. Иако во светски рамки поголем број од заразените се мажи одошто жени во макеоднија а особено во Дебар состојбата е обратна. 28 заразени жени и 22 мажи . Тоа е поради фактот што повеќето од жените кои биле на сочуство за починатиот имале поблизок контакт од мажите, се гушкале при поздравувањето за разлика од мажите кои поинаку го изразувале сочуството. Но не бил само смртниот случај повод за собирање. Празникот на жената 8-ми март исто така ги зближува луѓето да бидат на едно место.

Во Дебар нема ново заразени. Во Баланци исто така. Останаа на првите случаи двајцата сопружници Мустафа.  Кај Веап речиси не доаѓа никој иако и двата контролни бриса покажуваат дека ја надминал болеста. Сазан Папранику е неговиот сосед кој му помага откако се вратил од Скопје. Му носат храна и се што му е потребно . Но Папрануику кој е професор по биологија во дебарската гимназија тврди дека не само Веап туку и сите жители на Жупа, а особено оние од Баланци се стигматизирани кога ке одат во Дебар . Тој смета дека попусто го обвинуваат Веап дека е нулта пациентот затоа што според него ниокој во Баланци не е заразен Веап нема многу посетители –неговата куќа е празна без сопругата Ајше. Замианл за Скопје да извади посмртница  но на шалтерот го вратиле-задоцил три дена од рокот за понеднсување-им објаснил дека имал Корона и дека бил во смаоизолација но попусто. Му закажале дури за два месеци.  Одвај чека да се отворат границите и да замине за Италија кај синовите . За мене овде повеќе нема ништо ни кажа тој испраќајки не со солзи во очите .

 

Снежана Лупевска Созен

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ