Голем шумски пожар во близина на манастирот на Тоше Проески, Свето Преображение

Голем шумски пожар  беснее во близина на манастирот на Тоше Св. Преображение над Крушево.

Во моментот на терен  се околу 200 луѓе, кои се борат со огнената стихија. Пожарот вечерва е во непосредна близина на крстот, на  500 метри од манастирот, но пожарникарите од Крушево заедно со нивните колеги од Прилеп, потоа припадници на Армијата, на Дирекцијата за заштита и спасување,  го контролираат огнот да не дојде до манастирот.

Додека имаше видливост делуваа и авионите за гаснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување и армиските  хеликоптери. Во  борбата со огнената стихија вклучени се и голем број доброволци од месното население во Крушево

Пожарот избувна  во саботата околу пладне, на потегот од манастирот Св Преображение кон селата Арилево и Дијаци.  

Гори млада дабова и букова шума, папрат и трње.

На терен и вечерва остануваат пожарникарите и месното население

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ