
Голем одрон го затвори десетина дена патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево
Куп од камења на коловозната лента, надвиснати карпи, коишто во секој момент можат да се свлечат е сликата, којашто екипата на Телма ја затекна на големиот одрон на магистралниот пат Кочани –Македонска Каменица- Делчево. Десетина дена е затворена оваа делница којашто води кон граничниот премин кај Делчево. На отстранување на карпите веќе се работи, работниците во оваа корпа се искачија за да ги постаават мините.
Градежните работници имаат рок до крајот на наредната недела, да ги отсранат карпите.Во моментов единствен пат за автомобилите е од Бигла до Виница, а за камионите на кои цел им е граничниот премин е преку Виница Берово Пехчево Делчево. Жителите на Македонска Каменица и Делчево, но и локалните власти велат дека овие денови, заради дополнителните километри најмногу штети трпат стопаствениците, земјоделците и сточарите.
Трајковски смета дека решението за крајниот исток е изградба на стариот пат од Делчево до Кочани, со што ќе се скрати патувањето за 10 километри. Побарано е од министерството за транспорт и врски да се направи техничка документација за експресен пат.
Пари за овој експресен пат ќе се бараат од Владата, но и од фондовите на ЕУ. Но додека не се реализира оваа идеја, жителите од крајниот исток и понатму ќе си патуваат по свиоци и клисурите, каде што секогаш постои опасност од одрони.
Викторија Јованова