
Голем одрон го блокираше патот Македонска Каменица- Кочани
Одрон од карпи го блокираше патот Делчево-Македонска Каменица- Кочани кај селото Истибања.
За среќа при одроднот не поминувале возила и нема повредени.
Сообраќајот моментално е во прекин. Делницата се затворена за соораќај на секаков вид моторни возила. Како алтернатива се користи патот Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.Градежното претпријатие „Гранит“ врши реконструкција на патот и отстранување на одроните.