Голем интерес меѓу верниците за посетата на папата Франциск

Огромен интерес за присуство на светата литургија со папата  Франциск на плоштадот во Скопје но и гости од сите земји во регионот  најави  бискупот Киро Стојанов.

За само неколку денови од објавата за регистрација и добивање бесплатните влезници, се пријавиле голем број граѓани кои што сакаат да присуствуваат.

На светата литургија се очекуваат и многу свештени лица.

Верниците велат дека е голема  чест и радост доаѓањето на папата во државата.

Папата Франциск доаѓа на 7-ми Мај во земјата.

На аеродромот ќе го пречeкаат претставници на Католичката црква, државниот врв, но и млади луѓе. Во рамки на посетата предвидена е средба со поглаварите на македонските верски заедници во спомен – куќата на Мајка Тереза, со претставници на ранливите категории, а потоа и светата литургија.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ