
Година и половина затвор за новоселскиот градоначалник Боро Стојчев – Обвинителството го преквалификува делото
Година и половина затвор за новоселскиот градоначалник Боро Стојчев. Така одлучи струмичкиот суд за првиот човек на оваа погранична општина кој на 10 јули беше фатен во близина на македонско-бугарската граница во обид да прошверцува околу 3.300 штеки цигари марка Калипсо.
На денешната главна расправа судот ја изрече пресудата и за синот и внукот на градоначалникот Стојчев, кои добија по една година затвор, додека четвртиот осмничен е осуден на 10 месеци. Единствено за сопругата на Стојчев е изречена условна казна.
Пред главната расправа обвинителството го измени обвинението и наместо Занимавање со криумчарење го промени во обид за пренесување на непријавени стоки. Во судницата сите обвинети го признале делото.
Стојчев и членовите на неговото потесно семејство две недели беа во притвор во Прилеп, откако беа фатени во близина на селото Бадилен, на два километра од границата, додека се обидувале да ги пренесат цигарите во соседна Бугарија.
Сузана Мицева
https://youtu.be/sSEC9a79XUM