
Го лустрирал Славко Јаневски сега бара да биде антикорупционер!?
Вецко Здравески поранешниот лустратор од комисијата за верификација на факти жестоко ја бранеше кандидатурата за иден антикорупционер, а пред комисијата за интервјуа во собранието налета на прашања за вмешаност во лустрацијата на академикот и писател Славко Јаневски.
За кусиот престој на говорницата Здравески доби и прашање зошто во опозициските прислушувани разговори ексфункционерите Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, зборуваат дека Здравески ги поддржува во лустрациска, а неговата сопруга е партиски кадар. На жешкото столче, Цветковски го замени Билјана Иванова. Еден од денешните 12-тмина кандидати во борба за седумтте места во идниот состав на Државната комисија за спречување корупција е и членот на Советот на јавни обвинители, и адвокат Ангел Илиевски којшто го бранеше Зоран Верушевски во слушајот „Пуч“. За Илиевски незгодните прашања дојдоа од собраниската комсија, којашто го тестираше Илиевски дали добивал притисоци и како се соочувал со нив во Советот на јавни обвинители.
Оној што ќе биде избран за претседател на Антикорупциска ќе треба барем осум години да поминал во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување.
Павле Беловски