
Гласови од штитеници од дом, затвореници, иселеници и гласови во Општина Центар барал Миле Јанакиевски од свои сопартијци
Во 2013-та во дом за штитеници на деца без родители имало шестмина полонолтни. Од тогашната директорка шефот на изборниот штаб на партијата ВМРО-ДПМНЕ добил ветување дека ќе гласаат за Никола Груевски на претстојните локални избори.
„Имаме две деца кои имаат лична карта во Скопје, имаме уште 6 дечиња во другите градови. Тие ќе гласаат за Груевски, како што викаат, само бараат да им се плати превоз“, вели соговорничката на Јанакиески.
Миле Јанакиевски не го испуштал мобилниот од раце и во десетици аудио разговори во судницата се слушна како договарал гласачи од Италија, Австрија и Словенија. Три дена пред изборите побарал од сите сопартијци да обезбедат најмалку 3 гласови од свои блиски. За целиот кампањски период течел проектот наречен „Мала Преспа“. Тој и неговиот сопартиец Никола Тодоров ќе се согласат дека 60 лица пријавени на иста адреса во стан во скопски Центар ќе ги разоткрие во јавноста.
„Јас да сум од СДСМ ќе чекам на едно избирачко место и ќе направам скандал и тоа не само во Скопје, туку во цела Македонија. Не може на една адреса да има 60 гласачи. Абе ти вести не гледаш. Имаше на А1 и многу лошо изгледа. Ќе ги одврати другите гласачи, ќе речат овие глупости прават и ќе не казнат“, заклучува Јанакиески.
На денешното рочиште за изборни измами „Титаник“ до паузата „пукнаа“ околу 70 бомби, обвинетата Гордана Јанкуловска пазуата ја искористи за мајчински обврски, а обвинетиот Никола Груевски да ја искоментира потврдената пресуда за случајот „Тенк“.
Павле Беловски